0_Македонија.ПорталОпштество

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчерашниот, но сепак е за 12 сантиметри понизок од просечниот за февруари, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчерашниот, но сепак е за 12 сантиметри понизок од просечниот за февруари, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, но кај Преспанското Езеро водостојот е за 77 сантиметри понизок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај Дојранското е повисок за 2,86 метри.

Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава и во најголем дел се намалуваат во однос на вчерашните. вј/са/

Back to top button
Close
Close