Дописници МКДОпштински вести

Зголемен интересот за вакцинација со кинеската вакцина Синофарм во Делчево

Зголемен интересот за вакцинација со кинеската вакцина Синофарм во Делчево. Директорката на делчевскиот здравствен дом, Марија Глигоровска информираше дека првично во Делчево и Македонска Каменица со Астра Зенека се вакцинирани 400 граѓани во Делчево и М.Каменица.

Делчево, 10 мај 2021 (МИА) – Зголемен интересот за вакцинација со кинеската вакцина Синофарм во Делчево. Директорката на делчевскиот здравствен дом, Марија Глигоровска информираше дека првично во Делчево и Македонска Каменица со Астра Зенека се вакцинирани 400 граѓани во Делчево и М.Каменица.
-Во меѓувреме добивме од кинеската вакцина на Синофарм. Првенствено беше замислено со неа да ги вакцинираме старите и изнемоштени луѓе, но бидејки ние сме далеку од регионалниот центар во Штип, дел од пријавените граѓани се откажаа од вакцинацијата таму. Повеќето се откажаа зошто патот е многу тежок, со многу кривини, одрони и затоа што немаме автобуски превоз, со такси некои можат да си дозволат некои не, поради што повеќето останаа тука за вакцинација и затоа имавме зголемен интерес, вели Глигоровска.
Во меѓувреме во координација со Министерството за здравство и пратеничката Соња Михаиловска која е лекар е завршена вакцинацијата кај дел од тие пациенти.
-Денеска е доворено да стигнат уште 500 дози, а понатаму ќе стигнуваат како ќе договориме. Да напоменам дека имаме право да вакцинираме само пациенти кои се пријавиле на vakcinacija.mk. Мислам дека целата оваа недела ќе успееме да ја завршиме вакцинацијата со вакцините кои ги имаме. Поради нерабоптниот ден во петок можеби малку ќе загубиме на континуитет, меѓутоа секако секој ќе биде пријавен ќе биде вакциниран, додаде Глигоровска.
Директорката на делчевскиот здравствен дом напомена дека вакцината не може да се пренамени и да се даде терминот на друго лице. Додаде дека засега нема несакана реакција од кинеската вакцина и апелираше да се запази терминот се со цел вакцинацијата да биде успешна. вс/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close