Дописници МКДОпштински вести

Зголемен број заболени од коронавирус во општините М.Каменица, Делчево, Берово и Пехчево

Четири нови случаи во Македонска Каменица и по три случаи во Делчево, Берово и Пехчево е денешниот биланс на заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Откако вчера во овие општини имаше намалување на бројката на новозаболени, денеска повторно е забележан пораст за позитивни на коронавирус, при што во четирите општини на крајниот Исток има 13 нови случаи.

Делчево, 5 септември 2020 (МИА) – Четири нови случаи во Македонска Каменица и по три случаи во Делчево, Берово и Пехчево е денешниот биланс на заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Откако вчера во овие општини имаше намалување на бројката на новозаболени, денеска повторно е забележан пораст за позитивни на коронавирус, при што во четирите општини на крајниот Исток има 13 нови случаи.

Надлежните од делчевскиот здравствен дом истакнаа дека и во Делчево и М.Каменица продолжуваат тестирањата на лицата кои имале контакти со заразените.

-Се работи за случаи од семејни калстери кои ја сочинуваат бројката на поголем дел од позитивните случаи. Се очекуваат уште резултати од тестовите, за кои се надеваме дека повеќето ќе бидат негативни, истакнаа од делчевскиот здравствен дом.

Од здравствените установи во Берово и Пехчево информираа дека случаите се асимптоматски.

-Дел од заболените се асимптоматски случаи. На сите им посакуваме добро справување со вирусот и поскоро оздравување, додаваат надлежните.

Освен активните случаи, денеска по тројца оздравени се регистрирани во општините Делчево и Берово. Моментално на крајниот Исток има 147 активни случаи со Ковид-19. в.с/цр

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close