Дописници МКДОпштински вести

Зголемен бројот на луѓе каснати од бездомни кучиња во Тетово, во трите месеци од 2021 речиси колку во цела 2020 година

Големиот број пријави на жителите на Тетово дека биле каснати од бездомни кучиња ја доловуваат состојбата во градот со која се соочуваат граѓаните и алармираат за посеопфатно решение од страна на локалната самоуправа. Статистиката на Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје ја прикажува состојбата, односно, тоа дека во изминатите три месеци од 2021 година има огромен број на нападнати и каснати од кучиња скитници, ако се спореди со целата 2020 година.

Тетово, 23 април 2021 (МИА) – Големиот број пријави на жителите на Тетово дека биле каснати од бездомни кучиња ја доловуваат состојбата во градот со која се соочуваат граѓаните и алармираат за посеопфатно решение од страна на локалната самоуправа. Статистиката на Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје ја прикажува состојбата, односно, тоа дека во изминатите три месеци од 2021 година има огромен број на нападнати и каснати од кучиња скитници, ако се спореди со целата 2020 година.

Само во првите три месеци од 2021 година биле каснати вкупно 29 лица односно побарале и добиле вакцина против беснило во Инфективно одделение при Клиничка болница во Тетово. Во текот на целата 2020 година, вакцина против беснило, затоа што биле искасани од бездомни кучиња имале дадено на вкупно 36 лица.

– Од 29 лица кои добиле вакцина во месеците јануари, февруари и март 2021 година, 1се машки и 18 женски лица. Најмлади се две девојчиња на седум години, а најстаро едно машко лице во категорија на граѓани над 65 години. Од 36 лица кои добиле вакцина против беснило во текот на целата 2020 година, 25 се машки, а 11 женски лица, информираат од Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје.

Дел од луѓето кои се искасани од бездомни кучиња случаите ги пријавуваат и во тетовската полиција.

Годинава, заклучно со 21 април, во СВР Тетово се пријавени 38 каснувања од бездомни кучиња, кои се случиле на подрачјето на Полициската станица Тетово и уште три на подрачјата на другите полициски одделенија. Минатата, 2020 година, пак, вкупниот број пријавени напади и каснувања од кучиња изнесувал 50, за цела година, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Општина Тетово третманот на кучиња скитници го прави преку избор на ветеринарни ординации кои добиваат определени средства за таа намена. Според договорот објавен на електронскиот систем за јавни набавки најновиот склучен договор е на 25 февруари. Ветеринарната ординација добила три милиони денари за третман на бездомните кучиња и ќе постапува се додека има средства за тоа. ас/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close