СветСвет.Портал

Зголемен бројот на цивилни жртви во борбите во сириски Идлиб

Најмалку 39 лица загинаа во судирите меѓу сириските власти и припадниците на бунтовничките и вооружените групи во северозападната сириска провинција Идлиб, соопшти денеска Сириска организација за човекови права со седиште во Лондон (СОХР).

Дамаск, 16 јануари 2020 (МИА) – Најмалку 39 лица загинаа во судирите меѓу сириските власти и припадниците на бунтовничките и вооружените групи во северозападната сириска провинција Идлиб, соопшти денеска Сириска организација за човекови права со седиште во Лондон (СОХР).

Властите во Дамаск ја преземаа контролата врз две села и се движат кон стратешкиот град Марет ал Нуман, се вели во соопштението на невладината организација.

Претходно беше соопштено дека најмалку 15 лица загинале денеска во воздушен напад на сириските владини сили врз пазар и индустриска област во Идлиб.

Волонтерот на Сириската цивилна одбрана Јахја Абу ал-Џаман изјави дека 15 лица загинале во попладневниот напад и 65 се повредени, повеќето од нив во критична состојба.

Опозициската СОХР соопшти дека пазарот и индустриската област биле полни со луѓе во моментот на нападот.

Тие тврдат дека биле извршени воздушни напади и во други делови на провинцијата Идлиб, вклучувајќи најмалку 42 напади на руската армија и 33 напади на сириските владини сили.

Насилството во Сирија продолжи, иако договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Русија и Турција минатата недела, стапи во сила. Москва и Анкара се посредници што поддржуваат спротиставени страни во конфликтот.

Русија е главниот сојузник на сирискиот претседател Башар Асад во сириската граѓанска војна, додека Турција силно поддржува некои од бунтовничките групи.

Идлиб е контролиран од бунтовници, вклучувајќи ги и опозициските групи поддржани од Турција и екстремистите на Ал-Каеда, најсилни во областа со три милиони цивили.

ОН соопштија дека најмалку 300.000 луѓе биле раселени поради насилствата во областа во декември.

Повеќе од 400.000 луѓе се убиени во сириската граѓанска војна, што почна во март 2011 година. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close