0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

Земјотресот во Турција во живо во неколку ТВ студија (видео)

Моментите од силниот земјотрес што вчера ја погоди Турција и во кој загинаа најмалку 22 лица, беа забележени во живо на некои турски телевизиски програми.

Анкара, 25 јануари 2020 (МИА) – Моментите од силниот земјотрес што вчера ја погоди Турција и во кој загинаа најмалку 22 лица, беа забележени во живо на некои турски телевизиски програми.

На социјалните мрежи се појавија снимки од ТВ студијата, кои емитуваа програми во тој момент. Учесниците во програмата започнаа сериозно да се лулаат на столчињата, видно збунети.

Земјотресот со јачина од 6,9 степени ја погоди турската провинција Елзиг, а беше почувствуван и во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

Моментот на земјотресот е снимен и во други објекти, објавен на Твитер.

Бројот на загинати се зголеми на 22, а се проценува дека уште најмалку толку се заробени под урнатините.

Според најновите податоци, повредени се над 1.030 лица, а екипите за спасување трагаат по исчезнати лица на три локации. ссм/

 

Back to top button
Close
Close