СветСвет.Портал

Земјотрес во Чиле од 5,5 степени

Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран на северниот дел на Чиле, јавуваат локалните чилеански медиуми.

Сантјаго, 11 мај 2020 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран на северниот дел на Чиле, јавуваат локалните чилеански медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри од градот Сан Педро де Атакама, каде живеат околу 4.000 жители, на длабочина од 138 километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close