Дописници МКДОпштински вести

ЗЕЛС организираше работилница во Кочани за локализација на целите за одржлив развој

Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), во партнерство со невладината организација „Конект“, денеска во Кочани организираше работилница на која се разговараше за локализација на целите за одржлив развој.

Кочани, 24 јуни 2021 (МИА) – Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), во партнерство со невладината организација „Конект“, денеска во Кочани организираше работилница на која се разговараше за локализација на целите за одржлив развој.

Претставници од Општина Кочани, Советот на Општината и од граѓански здруженија преку конкретни примери и практична работа имаа можност да ги унапредат знаењата за концептот за одржлив развој, применувајќи го принципот „Никој да не биде изоставен“.

– Обуката овозможува зајакнување на капацитетите на тимови составени од професионалци кои учествуваат во стратешкото планирање во локалните самоуправи. Како резултат од оваа работилница се очекува подобрување на практичното знаење за идентификување на ефективни одржливи решенија. Крајната цел на обуката е интегрирање на Агендата 2030 и на целите за одржлив развој во локалните политики, истакна Благородна Шопова од ЗЕЛС.

Работилницата во Кочани и останатите активности се дел од проектот „Регионално учење за имплементација на Агенда 2030 во Југоисточна Европа“. Негов носител е ЗЕЛС во соработка со Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа (НАЛАС), а поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка. та/ки/

 

Back to top button
Close
Close