СветСвет.Портал

Зелениот транспорт ќе ги замени автомобилите во поголемите градови до 2030 година

Одржливиот транспорт, од јавниот превоз до велосипедизмот, може да ги замени автомобилите во најголемите градови во светот до 2030 година, покажува студијата на Мобилити, објавена денеска.

Париз, 10 февруари 2020 (МИА) – Одржливиот транспорт, од јавниот превоз до велосипедизмот, може да ги замени автомобилите во најголемите градови во светот до 2030 година, покажува студијата на Мобилити, објавена денеска.

Возењето со приватни автомобили ќе се намали во просек за десет проценти до 2030 година, додека јавниот превоз, пешачењето и велосипедизмот ќе ја зголемат популарноста.

– Работата на секој градоначалник и на градските власти е да преземе нешто, рече Ролф Кулен од консултантската компанија „Кантар“, која ја изработи студијата со која е опфатен 31 град.

Повеќе од половина од населението живее во градовите и се очекува тој број да се зголеми до 2050 година на речиси 70 отсто.

Патувањата со приватни автомобили моментално сочинуваат повеќе од половина од сите патувања во големите градови, но ќе паднат до 46 проценти до 2030 година, наведуваат истражувачите кои анкетирале повеќе од 200.000 жители од Њујорк до Најроби.

Во исто време, јавниот превоз, велосипедизмот или пешачењето чинат 49 отсто од градскиот промет, создавајќи глобална „преодна точка“ кон одржливо патување, наведуваат стручњаците.

Тие посочуваат дека околу 40 проценти од луѓето во светот се отворени за нови форми на патување. Но, како што велат, градовите треба да инвестираат во технологија за да се овозможи промена кон позелен транспорт. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close