0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Зелениот пазар во Крива Паланка денеска работеше со засилени безбедносни мерки и протоколи

Зелениот  пазар  во  Крива  Паланка денеска беше   отворен  и своите производи можеа да ги пласираат сите земјоделци и пазарџии од државата, но со засиелни безбедносни мeрки и протоколи.

Крива Паланка, 20 јуни 2020 (МИА) – Зелениот  пазар  во  Крива  Паланка денеска беше   отворен  и своите производи можеа да ги пласираат сите земјоделци и пазарџии од државата, но со засиелни безбедносни мeрки и протоколи.

Вработените во Јавното претпријатие „Комуналец“, кое стопанисува со зелениот пазар,  обезбедија редарска служба за контрола на задолжителното почитување на сите безбедносни мерки и протоколи од страна  на  сите  присутни во  пазаришниот  простор.

-Поставени беа пунктови за дезинфекција на главните и алтернативни влезови на пазарот, ја контролиравме редовната дезинфекција на продавачите,  купувачи,  редари  и службени лица за одржување и обезбедување на пазарот, а се вршеше дезинфекција и на возилата кои влегуваа и излегуваа од реонот на пазарот. Претставници на МВР во текот на целиот пазарен ден, од 7 до 15 часот, вршеа контрола на задолжителното носење маски и одржување дистанца на граѓаните, изјави Миле Марковски, директор на ЈП „Комуналец“.

Покрај земјоделски производи и цвеќе, на зелениот пазар денеска се продаваше и текстилна стока. ид/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close