0_Македонија.ПорталДописници МКД

Зелениот караван на ЦИВИЛ со работилница во Гостивар

Невладината организација ЦИВИЛ во рамките на Зелениот караван попладнево одржи работилница во Гостивар, во летниот амфитеатар. На работилницата учествуваа повеќе претставници на општинскиот совет, институции, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии и активисти во соодветните области.

Гостивар, 21 септември 2020 (МИА) – Невладината организација ЦИВИЛ во рамките на Зелениот караван попладнево одржи работилница во Гостивар, во летниот амфитеатар. На работилницата учествуваа повеќе претставници на општинскиот совет, институции, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии и активисти во соодветните области.
Работилницата се одвиваше според протоколите и почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
Градоначалникот Арбен Таравари истакна дека локалната самоуправа изминативе две години вложила значителни средства во подобрувањето на еколошкиот амбиент и дека се вклучува во Европската недела на мобилност.
Проектот го претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и посочи дека Гостивар е добар пример, но и средина во која има многу предизвици.
– Грижата за зелените вредности не подразбираат само комунална чистота. Грижата за нив подразбира, грижа за човековите права, слободи и достоинство. Во сиромашно општество во кое има насилство, говор на омраза, не може да постои висока свест за заштита на животната средина, потенцира Дерала.
Пртеходно во Тетово и Гостивар тимот на Зелен ЦИВИЛ одржа инфо-штандови на кои сите заинтересирани имаа можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ и да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“.
Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел. згм/бк/

Back to top button
Close
Close