0_Македонија.ПорталОпштество

Зелениот институт организираше онлајн конференција на тема „Корупција во екологијата. Како да ја препознаеме и како да делуваме?“

Зелениот институт денеска организираше онлајн конференција, со поддршка на Биро де Хелинг од Холандија, на тема „Корупција во екологијата. Како да ја препознаеме и како да делуваме?“. Модератор на конференцијата беше Лилјана Поповска, а говореше зошто е важна борбата против корупција во екологијата.

Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) –  Зелениот институт денеска организираше онлајн конференција, со поддршка на Биро де Хелинг од Холандија, на тема „Корупција во екологијата. Како да ја препознаеме и како да делуваме?“. Модератор на конференцијата беше Лилјана Поповска, а говореше зошто е важна борбата против корупција во екологијата.

Поповска истакна дека  нешто што недостасува е организирано систематско гонење на корупцијата на сите нивоа.  Службеници административни, експерти сите тие стручни лица  без чии потписи практично не може да помине ниту еден стручен документ за одобрување на некој инфраструктурен проект со кој што се завира жестоко во животната средина.

-Сите тие стручни лица се оние кои ја овозможуваат корупцијата и мислам дека покрај институциите што си ја вршат работата, треба  дел од активностите да ги преземат за сузбивање на корупцијата и да ги  вклучат и еснафските здруженија, сите оние кои што издаваат лиценци за своите стручни лица, а на тој начин ќе ја заштитат својата професија, углед и чест и на тој начин ќе ги исфрлат оние кои сето тоа го валкаат и нанесуваат голема штета во животната штета, додаде Поповска.

Таа нагласи дека на нив е да ги следат процесите, да реагираат и да ги поттикнат институциите да реагираат на дневна основа и сите ние како граѓани и активисти да бидеме будни со цел намалување на штетите на животната средина.

Слаѓана Тасева, претседателка на „Transparency International Macedonia“ во своето обраќање ги истакна ризиците од корупција при планирање и спроведување на инфракструктурни проекти и како да ги препознаеме истите.

– Сите ние го чувствуваме проблемот со заштитата на животната средина, посебно сега во овие денови кога секој граѓанин  го поврзува загадувањето и се што ни се случува, големите нереди со непостоечките депонии или несоодвено изградени, со корупција. Во најголем дел тоа се поврзува со нешто што значи неспроведување закон, непочитување закон или неспроведување на некаква утврдена процедура, истакна Тасева.

Кога се зборува за заштитата на животната средина, како што посочи Тасева, се почесто таа се поврзува со корупција, односно корумптивно однесување, затоа што имаме институции и закони за животната средина, но сите тие не се ефикасни кога станува збор за заштита на средината.

Од аспект на политиката и како таа може да придонесе во борбата против корупцијата во животната средина, дискутираше Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на политичката партија ДОМ.

Морачанин истакна дека поради корумптивни зделки на поединци кои од тоа имаат личен профит, страда целото општество и се доведува до ситуација да губи човечки, економски, финансиски ресурси, помали инвестиции и тоа е сериозен проблем што заслужува сеопфатна борба од сите чинители во општеството, од политичарите, невладините организации, граѓаните, граѓанските здруженија.

-Тоа што бројни студии го покажуваат е дека корупцијата е тесно поврзана со нискиот стандард, односно во посиромашните држави условно корупцијата е поизразена и е поврзана со зголеменото загадување на воздухот, почвата, водата. Забележано е дека кај посиромашните земји при зголемување на бруто домашниот производ (БДП) се зголемува и загадувањето, но потоа со зголемување на просперитетот се намалува загадувањето.

Политичарите ја имаат клучната улога во борба со корупцијата и еден од приоритетите на Владата е борбата со корупција. Затоа и се формираше посебна функција како вице премиер на Владата задолжен за борба против корупцијата.

Во извештајот на Европската Комисија за минатата година за Република Северна Македонија еден од заклучоците е дека е постигнат добар напредок во борбата против корупција, но има уште многу препораки и што треба да се реализира во иднина за да се постигне видлив резултат.

Пратеничката Морачанин истакна дека главен проблем во екологијата е корупцијата во шумарството, водоснабдувањето и издавањето лиценца за експлатација на природни ресурси, рударството и хидроенергијата.

На конференцијата се обрати и адвокатката Соња Петрушева. Таа говореше од правен аспект за коруптивните активности во институциите што ја деградираат животната средина.

-Заштитата на животната средина претставува еден од приоритетите што е поставен на високо ниво од сите земји во светот. Треба да го земеме предвид фактот што се соочуваме и со бројните климатски промени  што постојат во глобални рамки и предизвикот како секоја земја поединечно самата да се справи со тие промени, што доведуваат до деграгација на животната средина и како својот развој  да го направи оддржлив и интегрален рече таа.

Петрушева истакна дека покрај сите овие напори постои една пречка, односно корупцијата. Деградација на животната средина во сите земји, па и во нашата земја се врши на начин што со законска или незаконска  исечена шума, законска каде што постојат одредени правила за квантитетот на сечењето на шумата, но поради некои административни пропусти  понатаму се проширува таа сеча и на свој начин станува полузаконска.

-Начинот според  мое гледиште како правен советник е следно, прво причините за корупција на животната средина  секаде во светот  се состојат во три аспекти: можност, мотив и ниско ниво на  веројатност да бидете фатени. Бидејќи ние сме земја во развој, ние сите три аспекти веќе ги имаме на некој начин имплементирано, додаде Петрушева.

Зелениот институт за крај нагласи дека темата за корупција во екологијата е неисцрпна тема и како зелен институт ќе продолжат да ја следат темата и да отворат нови дискусии. ки/дма/

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close