Општински вестиСкопје

Зеленило и клупи за седење во спортско-адреналинскиот парк во Карпош

Општина Карпош денеска соопшти дека се преземаат финалните активности за конечниот изглед на спортско – адреналинскиот парк кај алпинистичката карпа, долж кејот на реката Вардар. 

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Општина Карпош денеска соопшти дека се преземаат финалните активности за конечниот изглед на спортско – адреналинскиот парк кај алпинистичката карпа, долж кејот на реката Вардар.

Покрај содржинските делови: игралиштата за фудбал и одбојка на песок, скејт паркот, детското игралиште и адреналинскиот дел, овој јавен простор добива и ново зеленило.

Околу оваа зона, како што се наведува во соопштението, веќе се засадија нови 70 дрвја, тревна површина и 30 украсни растенија. Поставен е и систем за наводнување со цел подобро одржување и функционалност на зеленилото. Обновена е и урбаната опрема, поставени се нови 58 клупи за седење, а претстои поставување на корпи за отпадоци и држачи за велосипеди.

– Спортско – адреналинскиот парк, кој наскоро ќе биде отворен, ќе понуди содржини и активности за сите генерации на граѓани, најавува Општина Карпош. мд/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close