Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Зехофер: Висока опасност од десничарски екстремизам во Германија

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска оцени дека злосторството во градот Ханау било јасно расистички мотивиран терористички напад.

Берлин, 21 февруари 2020 (МИА) – Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска оцени дека злосторството во градот Ханау било јасно расистички мотивиран терористички напад.

Зехофер укажа дека станува збор за трет десничарски терористички напад во последните пет месеци.

-Опасноста од десничарски екстремизам, антисемитизам и расизам во Германија е многу голема, констатира тој.

Зехофер најави нови мерки за заштита на населението од терористички напади. По вчерашниот десничарски терористички напад во двата наргиле барови во Ханау, тој најави засилено присуство на полицијата пред џамиите во земјата.

-Сојузната полиција ќе ги поддржи покраинските чувари на редот, додаде тој.

Поголемото присуство на полицијата најави и на сите железнички станици, аеродроми и во пограничниот простор. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close