0_Македонија.ПорталПолитички партии

Зеќири на Телма: ВМРО-ДПМНЕ моли да не добиеме датум за преговори и правеше притсок врз пратеници да не го гласаат Законот за ЈО

„За прв пат јавно ќе кажам дека пратеници на ВМРО ДППМНЕ, меѓу кои и Илија Димовски и Антонијо Милошоски, трчаа низ ходниците на Собранието и убедуваа пратеници да не го гласаат Законот за Јавно обвинителство. Но, ние бевме решени, дека пред да се распишат изборите мораме да ги донесеме клучните закони. Како може да одиме на избори без да ги спасиме предметите на СЈО.“- изјави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири на телевизија Телма.

Скопје, 27 февруари 2020

Според него, препознатлива станала политиката на СДСМ со носењето храбри одлуки.
„Граѓаните препознаваат кој носи храбри одлуки и кој мисли на нив. Луѓе од ВМРО ДПМНЕ одат и лобираат да не добиеме датум за преговори со ЕУ затоа што сметаат така ќе не фаворизирале на избори. Од тоа добиваат граѓаните, не СДСМ. Веќе се прочитани во ВМРО ДПМНЕ – изјавуваат дека се за НАТО и ЕУ, а во праксата прават се да не успее европскиот проект“- изјави Зеќири.
Во тој контекст го потенцираше однесувањето на ВМРО ДПМНЕ кон уставното име на државата.
ВМРО ДПМНЕ нема јасен став за името. Во спотовите за избори го повторуваат тоа „никогаш Северна“. Најавуваат дека ќе го ревидираат Преспанскиот договор, иако сите знаат дека тоа е неможно. Тие лажат, тие се лажни патриоти. Гласаа за Протоколот за НАТО, а не гласаа за Законот за одбрана. Ние треба да им ги отвориме очите на граѓаните и да им кажеме дека е време ВМРО ДПМНЕ да престане да го лаже народот. Ние стануваме 30-та членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ, тоа е реалноста“- заврши Зеќири.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close