0_Македонија.ПорталПолитика

Здружението на судии ги осудува нападите врз независноста на судството

Управниот одбор на Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз независноста на судството и ги повикува надлежните институции да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото  и целосното функционирање на правната држава.

Скопје, 8 јануари 2020 (МИА) – Управниот одбор на Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз независноста на судството и ги повикува надлежните институции да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото  и целосното функционирање на правната држава.

Оваа реакција доаѓа откако во изминатиот период преку јавни обраќања и отворени писма адвокатот Јовица Страшевски, бранител на поранешниот градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во случајот „ТНТ“ ги прозиваше судијата-поротник, Судот и Судскиот совет, барајќи поротничката да не се појавува повеќе на судења бидејќи и е истечен четиригодишниот мандат.

– Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ на телефонската седница, одржана на ден 08.01.2020 година, расправаше за новонастанатата состојба во Основен кривичен суд Скопје и во потполност се согласува со соопштените до јавноста од страна на истиот суд објавено на веб страната на судот и средствата за информирање, при што најостро ги осудува сите видови на напади врз независноста на судството, интегриететот на судиите и нападите врз работата на било  кој друг орган од судска надлежност,  истовремено повикувајќи ги сите процесни чинители на „воздржаност“ и целосно почитување на законот во однос на нивното постапување, се наведува во денешното соопштение на Здружението на судии.

Од Управниот одбор на Здружението на судии ги осудуваат сите видови на опструкција на правдата, повикувајќи ги сите надлежни институции во рамките на нивните надлежности да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото  и целосното функционирање на правната држава. дма/сп/

Back to top button
Close
Close