Дописници МКДОпштински вести

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ додели 16 таблети на средношколци Роми од Делчево

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ денеска додели 16 таблети на средношколци Роми од Делчево. Доделувањето на таблетите во Делчево е дел од проектот „Ромаверзитас во ургентни ситуации, се грижиме за вашето образование“, финансиски поддржан од Ургентниот фонд на Ромскиот образовен фонд. 

Делчево, 18 август 2020 (МИА) – Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ денеска додели 16 таблети на средношколци Роми од Делчево. Доделувањето на таблетите во Делчево е дел од проектот „Ромаверзитас во ургентни ситуации, се грижиме за вашето образование“, финансиски поддржан од Ургентниот фонд на Ромскиот образовен фонд.
Во рамки на оваа активност, како што истакнаа донаторите, предвидено е да се доделат 210 таблети на ромски ученици од земјава во средното образование и 10 ГБ интернет.
-Таблетите се наменети за средношколци, претежно од втора и трета година и лица кои ќе се запишуваат на факултет и доаѓаат од семејства кои живеат во социјален ризик или семејства кои користат гарантирана минимална помош, семејства со ниски приходи или домаќинства кои немаат соодветни услови и други смарт– уреди, истакнаа донаторите.
Доделувањето таблети во Делчево е во соработка со Општина Делчево, директорот на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ и локалните соработници.
-На овој начин, преку низа активности, се поттикнува запишувањето во средното и високото образование, почитување на квотите за упис во рамки на уписните рокови, намалување на осипот во образованието предизвикани од неповолните услови со кои се соочува ромското население и коишто дополнително се отежнати од кризата предизвикана од КОВИД 19, додадоа донаторите.
Тие го охрабрија учеството на средношколците во програмата за градење вештини во рамки на неформалниот колеџ, спроведуван од Ромаверзитас. вс/мд/

Back to top button
Close
Close