Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Здружение  на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина бара доктори стоматолози и стоматолошки сестри да бидат вакцинирани веднаш после здравствените работници

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, бара докторите стоматолози и стоматолошки сестри да бидат вакцинирани веднаш после здравствените работници од Ковид центрите. Ова барање е доставено до Министерството за здравство.

Кавадарци, 27 февруари 2021(МИА) – Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, бара докторите стоматолози и стоматолошки сестри да бидат вакцинирани веднаш после здравствените работници од Ковид центрите. Ова барање е доставено до Министерството за здравство.

– Незадоволството и револтот кај докторите стоматолози беа големи кога беше објавен програмот за вакцинација во државата, во кој програм стоматолозите беа ставени во групата на професии со помал ризик и предвидено да се вакцинираат во втората фаза. Изјавата од Ваша страна која ја пренесоа некои портали, а се однесуваше дека е направен превид во програмата и дека докторите стоматолози ќе се вакцинираат во првата фаза, го смири незадоволството и револтот. Меѓутоа, како ги гледаме последните практични наговестувања за приоритетите на вакцинација, докторите стоматолози и стоматолошките сестри не се во најприоритетните групи за вакцинација. Сметаме дека Вам не треба да Ви појаснуваме за регијата на телото во која оперираат докторите стоматолози и огромниот ризик од можната зараза со коронавирусот, особено сега кога британската мутација на вирусот многоструко ја зголеми трансмисијата, стои во барањето потпишано од претседателот на Здружението, др Жарко Ѓорѓиев. свд/цр

Back to top button
Close
Close