Дописници МКДОпштински вести

Во Здравствениот дом во Кичево досега се вакцинирани 900 граѓани

Од почетокот на имунизација на населението во Општина Кичево до денес, вакцина против Ковид-19 примиле 900 граѓани а таа бројка ќе биде и поголема откако утре ќе почне имунизација со дополнително количество од 150 дози на кинеската вакцина на Синофарм.

Кичево, 10 мај 2021 (МИА) – Од почетокот на имунизација на населението во Општина Кичево до денес, вакцина против Ковид-19 примиле 900 граѓани а таа бројка ќе биде и поголема откако утре ќе почне имунизација со дополнително количество од 150 дози на кинеската вакцина на Синофарм.

Бројот на вакцинирани жители  во општината е далеку поголем, бидејќи дел од населението се вакцинира во Скопје а од претходната недела и во Охрид,потврди доктор Неџат Балажи, одговорен на оддел во кичевската општа болница.

– Во нашиот град од почетокот на имунизација, вакцина против Ковид-19 примиле 900 граѓани од кои 600 се вакцинирале со британската вакцина на Астра Зенека, додека 300 граѓани се вакцинирани со кинеската вакцина на Синофарм.

Со денешниот ден се потрошија досегашните залихи од кинеската вакцина и утре ќе пристигнат уште 150 вакцини, за да продолжи имунизацијата во нашиот град.Бројот на имунизирани е многу поголем од локално вакцинираните, бидејќи вработените во одредени дејности како во болница.АРМ и МВР се вакцинираа во Скопје а од пред една седмица дел наши сограѓани вакцина против Коронавирусот примија во Охрид, вели доктор Балажи.

Тој е задоволен од се помалиот број на новозаболени од Ковид-19 во кичевската општина, како и од намалувањето на бројот на хоспитализирани во модуларниот ковид центар и, покрај потешката здраствена состојба со дел од лежечките пациенти.

– Во нашата болница продолжува надолниот тренд на опаѓање на бројот на новозаболени и хоспитализирани пациенти.Така денес од 12 тестирани граѓани кај 4 наодот е позитивен, додека од 18 граѓани кои се снимиле на ренген а во тој број се вклучени и двајца од хоспитализираните, кај ниту еден наодот не е позитивен. Денес во нашата болница бројот на хоспитализирани пациенти изнесува 8 од кои еден е на кислородна подршка, додека двајца пациенти кои пристигнаа во текот на вчерашниот ден се во потешка здравствена состојба, додаде докторот и појасни дека поради надолниот тренд на новозаболени и зголемениот број на оздравени, бројот на активни случаи од ден на ден е се помал. за/оџ/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close