0_Македонија.ПорталДописници МКД

„Здравје за сите“ во Ново Село, Кумановско

Екипите на Здравствен дом Куманово почнаа да ја спроведуваат програмата на Министерство за здравство „Здравје за сите“, информираа денеска од јавната здравствена установа. Тимовите организираа акција за жителите од кумановско Ново Село во месната заедница, согласно протоколите за преглед во услови на пандемија. Акцијата е наменета за граѓани од рурални средини и има за цел да овозможи бесплатни прегледи на граѓаните кое вклучува мерење на шеќер во крвта, притисок. Присутните имаат можност да се консултираат со лекарите и да добијат совети за здрав начин на исхрана и во овој момент и совети за заштита од коронавирус.

Back to top button
Close
Close