Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Здраствените работници ја пречекаа белгиската премиерка завртени со грб

ремиерката на Белгија, Софи Вилмес посети неколку болници за да пружи поддршка на здраствените работници, но наиде на незадоволство

Брисел, 17 мај 2020 (МИА) – Премиерката на Белгија, Софи Вилмес посети неколку болници за да пружи поддршка на здраствените работници, но наиде на незадоволство.

Дел од медицинскиот персонал од болницата Сент-Пијер во Брисел ја пречека Вилмес со шпалир, но завртени со грб, изразувајќи незадоволство од односот на Владата кон здравството, кое е со намален буџет. Здраствените работници се незадоволени од платите, а се соочуват и со недостиг на персонал.

Вилмес истакна дека е свесна за состојбата и незадоволството на здравствените работници, додавајќи оти е потребно да се врати вредноста на професијата.

– Посетите на болниците Делта и Сент-Пијер беа важни моменти за дијалог и за персоналот и за мене. Дискутиравме за здравствената ситуација, психичките напори, вреднувањето на работата и финансирањето на здраствената заштита, напиша Вилмес на Твитер. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close