Дописници МКДКултураКултура.Портал

Збирката „Не правете им сенка на гробовите” од денеска достапна во делчевската библиотека

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево се збогати со уште едно дело од роднокраен автор.

Делчево, 22 јуни 2020 (МИА) – Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево се збогати со уште едно дело од роднокраен автор.
Директорката на библиотеката Билјана Петровска  информира дека „Не правете им сенка на гробовите“ од авторката Дијана Петрова е книгата која од денеска ќе биде дел од роднокрајното одделение на библиотеката.
– Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворување на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Честитки до Петрова за ова дело за кое се надеваме дека ќе го побуди интересот кај делчевската публика, рече Петровска.
Делчевското роднокрајно творештво неодамна го доби и својот прв алманах. Алманахот носи наслов „Творам постојам” и во него е сместено творештвото на 20 роднокрајни автори. вс/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close