0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Завршува продолжениот рок за пријавување штети предизвикани од пожарите во Куманово

Завршува продолжениот рок за доставување барања за пријавување на материјални штети предизвикани од пожарите кои се случија минатиот месец во неколку села од кумановско, информираа денеска надлежните од општината. Оттаму ги повикаа жителите на селата Четирце, Сопот, Табановце, Зубовце, Клечовце, Мургаш, Довезенце, Новосељане и Бељаковце, чии имоти и објекти беа зафатени од пожарите коишто се случија во периодот од 2 до 11 август годинава. Рокот беше продолжен за дополнителни пет дена, така што, нагласуваат од општината, жителите можат да ја пријават штетата на своите култури и добра до комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општина Куманово.

Куманово, 6 септември 2021 (МИА) – Завршува продолжениот рок за доставување барања за пријавување на материјални штети предизвикани од пожарите кои се случија минатиот месец во неколку села од кумановско, информираа денеска надлежните од општината. Оттаму ги повикаа жителите на селата Четирце, Сопот, Табановце, Зубовце, Клечовце, Мургаш, Довезенце, Новосељане и Бељаковце, чии имоти и објекти беа зафатени од пожарите коишто се случија во периодот од 2 до 11 август годинава. Рокот беше продолжен за дополнителни пет дена, така што, нагласуваат од општината, жителите можат да ја пријават штетата на своите култури и добра до комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општина Куманово.

– Ги известуваме и останатите граѓани кои веќе имаат поднесено барање, кое не е комплетирано со сите потребни документи, дека ќе бидат контактирани од страна на членови од комисија за проценка на штети на Општина Куманово и е потребно во најбрз можен рок да ги достават документите-информираат од општината.

Освен, барањето жителите треба да поднесат и копии од лична карта со изјава за користење на лични податоци потпишана од барателот и  трансакциска сметка, копија од имотен лист или од договор за закуп или друг доказ за основ на користење на земјиштето опфатено со пожар.

За подетални информации лицата можат да се обратат во просториите на Општина Куманово. ам/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close