Општински вести

Заврши уредувањето на детските паркови во село Богородица

Со поставување бетонска основа и поцинкувана мрежа на неа од страна на комуналните работници,општина Гевгелија го заврши уредувањето на двата детски паркови лоцирани кај општинската канцеларија и пред црквата во селото Богородица токму во пресрет на прославата на селскиот панаѓур по повод рождеството на пресвета Богородица.

Гевгелија,18 септември 2020(МИА) – Со поставување бетонска основа и поцинкувана мрежа на неа од страна на комуналните работници, општина Гевгелија го заврши уредувањето на двата детски парка лоцирани кај општинската канцеларија и пред црквата во селото Богородица токму во пресрет на прославата на селскиот панаѓур по повод рождеството на пресвета Богородица.

-Во парковите се поставени нови реквизити и лулашки за деца, обновени се тревниците и цветните садници, поставено е ново осветлување како и фонтани со вода за пиење, а поради близината на детските катчиња беа поставени и лежечки полицијаци заради забавување на сообраќајот, велат од Општината.

Летово во селото Богородица значително беше подобрена и патната инфраструктура со бетонирање на крак од улицата „Филип Македонски“ со поставување павер елементи на улицата „Александар Македонски“ и бетонирање на улицата што води до објектот на општинската канцеларија во населеното место. им/ки/

Back to top button
Close
Close