0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Заврши скринингот за коронавирус во детската градинка во Кичево, сите вработени негативни 

Детската градинката „Олга Мицеска" во Кичево е меѓу првите во земјава што успеа да го заврши тестирањето за коронавирусот на сите 63 вработени кои работат во трите нејзини објекти и сите вработени се негативни на тестирањето, информира директорот Садик Ахмети.

Кичево,18 мај 2020 (МИА) – Детската градинката „Олга Мицеска” во Кичево е меѓу првите во земјава што успеа да го заврши тестирањето за коронавирусот на сите 63 вработени кои работат во трите нејзини објекти и сите вработени се негативни на тестирањето, информира директорот Садик Ахмети.

Извршена е и целосна дезинфекција на објектите, како и набавка на средства за одржување на хигиената во градинката.

Ахмети додаде дека кога и да одлучат надлежните да се отвори градинката, тие се целосно подготвени да ги примамат децата во установата.

Инаку деновиве е извршено и уредување на дворот со помош на креативните и неуморни со идеи, вработени во детската градинка “Олга Мицеска” во Кичево.

Директорот на градинката упати голема благодарност до сите родители и граѓани од Кичево кои индиректно го потпомогнале уредувањето на дворот на градинката. рз/сст/

Back to top button
Close
Close