Општински вестиСкопје

Заврши реконструкцијата на улицата „Мирче Оровчанец“

Општина Центар денеска завршува со реконструкцијата на улицата „Мирче Оровчанец“ во населбата Буњаковец.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Општина Центар денеска завршува со реконструкцијата на улицата „Мирче Оровчанец“ во населбата Буњаковец.

– Стариот и дотраен асфалт и ударните дупки на улицата се веќе минато и граѓаните после цели 12 години добиваат комплетно нова улица. На вкупна површина од 1192 метри квадратни се поставува нов слој на висококвалитетен асфалт кој ќе придонесе за подобрување на сообраќајот во овој дел од Центар, но значително ќе го олесни движењето на пешаците и ќе ја зголеми безбедноста, соопштуваат од прес-службата на Општина Центар.

Улицата „Мирче Оровчанец“, посочуваат од општината, е 16-та комплетно реконструирана улица во Општина Центар и е уште една во низата реализирани комунални проекти на ова општинско раководство, предводено од градоначалникот Саша Богдановиќ.

Оттаму инфомираат дека активностите за подобрување на општинската инфраструктура и проектите за реконструкција на улиците во општината продолжуваат и за во наредниот период најавуваат реконструкција на улиците „Периша Савелиќ“, „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „8-ми Март“.фф/са/

Back to top button
Close
Close