Дописници МКДОпштински вести

Заврши расчистувањето на речното корито на Пчиња кај Пелинце

Заврши чистењето на речното корито на Пчиња кај Пелинце, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Екипите го расчистија потегот во должина од 7.000 метри од село Коинце до Пелинце.

Куманово, 31 јули 2021 (МИА) – Заврши чистењето на речното корито на Пчиња кај Пелинце, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Екипите го расчистија потегот во должина од 7.000 метри од село Коинце до Пелинце.

– Речното корито е исчистено, обезбеден е проток на вода. Условите за чистење беа одлични, со оглед на намалениот водостој на реката, изјави директорот на кумановската подружница Оливер Илиевски.

Продолжува и расчистувањето на речното корито на Крива Река од Клечовце до Бељаковце.

– Ќе се задржиме на критичните точки каде често има излевање на речното корито за да спречиме излевање на речата и штети на земјоделските обработливи површини и куќите покрај Бељаковце, Јачинце и Клечовце,изјави Илиевски.

Кумановската подружница го исчисти и одводниот канал во село Доброшане од половина километар. Претходно, завршено е расчистувањето на одводните канали во општините Липково и Ранковце. ам/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close