Дописници МКДОпштински вести

Заврши проектот за уредување на локалитетот Истевнички Кукуље

Заврши проектот за уредување на природната реткост Истевнички Кукуље, инициран од Планинарско-спортскиот клуб „Голак“ од Делчево.

Делчево, 18 мај 2021 (МИА) – Заврши проектот за уредување на природната реткост Истевнички Кукуље, инициран од Планинарско-спортскиот клуб „Голак“ од Делчево.
Претседателот на клубот Љупчо Чучуковски информираше дека проектот се реализира со финансиска и логистичка поддршка од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и општина Делчево.
-Во реализацијата на активностите имавме и логистичка поддршка од фирмата „Брегал“ која беше изведувач на проектот, кој се состои од два дела. Во првиот дел од неговата реализација претходно теренот до природната реткост беше мапиран расчистен и притоа беше поставена планинарска патека според Књефелцовата маркација од село Истевник преку локалитетот Истевнички Кукуље од селото Разловци, рече Чучуковски.
Во рамки на вториот дел од проектот,  поставена е соодветна опрема и уредување на околниот простор со поставување маси, клупи и корпи за отпадоци.
-Исто така, поставена е и информативната табла и голем летниковец, кои се изработени од дрво и заштитени со премази. Предвидено е летниковецот да собере околу 70 луѓе. Со тоа целосно е завршена оваа живописна планинарска патека која изобилува со историски моменти и е ставена во функција за сите оние кои ќе сакаат да ја посетат планината Средна и локалитетот Истевнички Кукуље, додаде Чучуковски.
Во наредните неколку дена локалитетот ќе го посетат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што и официјално ќе биде означен крај на проектот. вс/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close