0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Заврши проектот „Еволуција на стандардите за фер судење и пристап до правдата во предметите за семејно насилство и криминал од омраза“

Основниот кривичен суд Скопје и Коалиција на здруженија на граѓани - Сите за правично судење успешно го завршија проектот „Еволуција на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судските предмети за семејно насилство и криминал од омраза“ во делот на анонимизирање на судски предмети.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје и Коалиција на здруженија на граѓани – Сите за правично судење успешно го завршија проектот „Еволуција на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судските предмети за семејно насилство и криминал од омраза“ во делот на анонимизирање на судски предмети.

– Веб страницата на судот во делот на судски одлуки е збогатен за нови 1.622 пресуди кои се анонимизирани и објавени благодарение на тимот од пет волонтери кои по завршената обука и потпишаните изјави за доверливост изминатите пет месеци работеа како дел од Канцеларијата за односи со јавност на судот и со нивното залагање допринесоа за поголема транспарентност и отчетност на судот и пристап до правдата во судските
постапки, а воедно имаа можност да се стекнат со практично искуство за работа со судски предмети која се надеваме дека ќе им биде од корист во нивната понатамошна кариера, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Проектот „Еволуција на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судските предмети за семејно насилство и криминал од омраза“ е финансиран со грант од Кралството Шведска преку Шведската агенција за развој и соработка (СИДА) доделен преку проектот „Нордиска подршка за напредок на Северна Македонија“.

– И покрај предизвиците со кои се соочувавме оваа година, како резултат на вирусот Ковид – 19, Кривичниот суд продолжи со заложбите за транспарентно и отворено работење, соработка со медиумите, граѓанските здруженија и меѓународните организации во земјата, велат од судот.

Од Кривичниот суд ги повикуваат сите заинтересирани организации, здруженија и пред се студентите од правните факултети со нивните идеи и проекти, а за кои судот може да им излезе во пресрет, да ја контактираат Канцеларијата за односи со јавност. дма/сп/

Back to top button
Close
Close