Дописници МКДКултураКултура.Портал

Заврши проектот „АБЕР 2015“ за културна промоција на кумановскиот регион

Заврши проектот на локалната акциска група „АБЕР 2015“ насловен „На патот“. Проектот е финансиран од Амбасадата на Швајцарија и им овозможува на кумановските уметници да го доближат творештвото до обичните граѓани.

Куманово, 4 февруари 2020 (МИА) – Заврши проектот на локалната акциска група „АБЕР 2015“ насловен „На патот“. Проектот е финансиран од Амбасадата на Швајцарија и им овозможува на кумановските уметници да го доближат творештвото до обичните граѓани.

Како што информира денеска директорот на проектот, Дејан Ѓорѓиевски, проектот беше насочен кон создавање конекции меѓу уметниците и обичниот човек на тој начин што ќе го доближи нивното творештво до публиката која се поретко наоѓа време да ги посетува официјалните уметнички настани и изложби.

-Kрајната цел беше да се поттикне свеста за културно – уметничкото наследство и туристичкиот потенцијал во руралните делови на регионот, истовремено демонстрирајќи ја огромната креативна моќ што ја имаат современите уметници и нивниот неискористен потенцијал од страна на локалните и регионалните културни фактори, додаде Ѓорѓиевски.

Со уметнички дела, слики, скулптури, билборди, поставени на установи, објекти, на лесно видливи места, уметниците го разбиваат сивилото во регионот и ја прават уметноста достапна за сите.

Скулптурата „Кавалџија“ на Горан Стаменков поставена на плоштадот во Старо Нагоричане, е често фотографиран детаљ од туристите кои доаѓаат во црквата „Св. Ѓорѓи“.  Делата „Козјак“ и „Пингвини“ на ѕидот на основното училиште „Крсте Мисирков“, изработени од Дејан Божиновски-Коска укажуваат на природните убавини на руралните подрачја околу Куманово, но и на опасноста од загадувањето.

„Весела станица“ на Дејвид Стоилковски прва ги дочекува посетителите кои одат во посета на спомениците во општина Старо Нагоричане.

„Улица на виножитото“ од Валентина Илијевска го разбива кумановското сивило и ја потенцира потребата за заштита на градското зеленило, уметничките билборди направени за неколку рурални туристички места ја потенцираат потребата од потесна соработка меѓу бизнис заедницата и уметниците…

Од ЛАГ „Абер 2015“ се надеваат дека проектот ќе продолжи да се реализира доколку локалните власти им овозможат услови за творење на уметниците.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close