Дописници МКДОпштински вести

Заврши пробивањето на трасата за патно поврзување на каменичките села Луковица и Косевица

Во Македонска Каменица заврши пробивањето на трасата за патно поврзување на селата Луковица и Косевица. Увид во реализацијата на активностите денес изврши градоначалничката Соња Стаменкова која рече дека наскоро ќе следува и асфалтирање на овој патен правец.

Македонска Каменица, 10 септември 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица заврши пробивањето на трасата за патно поврзување на селата Луковица и Косевица. Увид во реализацијата на активностите денес изврши градоначалничката Соња Стаменкова која рече дека наскоро ќе следува и асфалтирање на овој патен правец.

-Целосно е завршено пробивањето на трасата од скоро 2 километри долгиот локален пат со кој општина Македонска Каменица ќе ги поврзе селата Луковица и Косевица. Потоа следуваат градежни активности за тампонирање на коловозот и негово асфалтирање, рече Стаменкова.
Паралелно како што додаде се работи и на уредување на системот за одводнување на атмосферските води.
-Со реализацијата на овој проект, обезбедуваме квалитетна патна инфраструктура за движење на жителите од една селска средина во друга и значително ги зголемуваме можностите за поттикнување на локалниот економски развој во овие средини, додаде Стаменкова.
За изградба на оваа делница од буџетот на општина М.Каменица се издвоени 14 милиони денари. вс/са/

Back to top button
Close
Close