Дописници МКДОпштински вести

Заврши изградбата на нов детски парк во Берово

По повеќе од десет години уреден е уште еден простор во општина Берово, кој според надлежните долги години беше руина и грда слика на улицата „Партизанска”. Заврши изградбата на новиот детски парк, а од општината информираа дека во текот на изминатиот период поставени се спортски реквизити за деца и клупи за одмор и рекреација.

Берово, 14 мај 2020 (МИА) – По повеќе од десет години уреден е уште еден простор во општина Берово, кој според надлежните долги години беше руина и грда слика на улицата „Партизанска”. Заврши изградбата на новиот детски парк, а од општината информираа дека во текот на изминатиот период поставени се спортски реквизити за деца и клупи за одмор и рекреација.
-Освен тоа, урбанизирана е парковска површина на којa се засадени нови зелени површини. Урбаното уредување и новите содржини за децата, но и за возрасните, станаа секојдневна работа на општинските служби, кои иако е време на пандемија, сериозно се подготвуваат за крајот на ограничувањата на движење, со надеж за почеток на туристичката сезона, информираа од општината.
Паркот е изграден во рамки на проектот „Збогатување на туристичката понуда, со изградба, уредување и осветлување”, кој што се реализира со средства од Програмата за регионален развој, преку Центарот за развој на Источно плански регион.
-Во рамки на овој проект обезбедено е и соодветни атрактивно осветлување, со што детската игра и уживањето во паркот ќе може да продолжува и во вечерните часови, дополнија од општината.
Наскоро, како што додадоа надлежните, убавата слика во градот ќе биде дополнета и со уредувањето на кејот на реката Брегалница, кои активности се во тек преку Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close