Дописници МКДОпштински вести

Заврши есенската сеидба во Пијанец

На само неколку дена пред почетокот на зимата, заврши есенската сеидба во Делчево. Сеидбата која доцнеше поради сушата која го зафати регионот е завршена најмногу благодарение на последните врнежи од дожд и снег на повисоките места велат агрономите.

Делчево, 8 декември 2019 (МИА) – На само неколку дена пред почетокот на зимата, заврши есенската сеидба во Делчево. Сеидбата која доцнеше поради сушата која го зафати регионот е завршена најмногу благодарение на последните врнежи од дожд и снег на повисоките места велат агрономите.
– Земјоделците ја искористија влагата која деновиве ја имаше поради врнежите од дожд и навреме ги подготвија нивите пред претстојниот зимски период. Евентуалниот снег кој се најавува на крајот на декември ќе ги заштити посевите, со што земјоделците мирно можат да ја дочекаат пролетта, велат агрономите.
Од подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, велат дека годинава од вкупно обработливите земјоделски површини засеани се околу 60 проценти од обработливото земјиште.
– Планот за 2019 година беше да имаме засеани околу 555 хектари, а последните анализи велат дека вкупно со есенската сеидба се опфатени 337 хектари обработливо земјоделско земјиште или вкупно 60 проценти. Најголем дел од овој процент потпаѓа на житни култури со засеани 277 хектари, додека 60 хектари потпаѓаат под фуражните култури, информираат од МЗШВ Делчево.
Најзастапена житна култура во Пијанец, како што додаваат е пченицата која е засеана на површина од 140 хектари, додека р’жот и останатите житни култури се најмалку застапени на обработливите земјоделски површини. вс/дма/

Back to top button
Close
Close