Дописници МКДКултураКултура.Портал

Заврши детскиот ликовен камп „АСНОМ“ во Куманово

Заврши десетиот јубилеен детски ликовен камп „АСНОМ 2020“ кој поради пандемијата годинава се одржа во комплексот „Грација“ во Куманово. На кампот твореа ученици од основни училишта во Куманово, кои изработија уникатни дела, a ќе ги подарат на „Порака Наша“.

Куманово, 9 јули 2020 (МИА) – Заврши десетиот јубилеен детски ликовен камп „АСНОМ 2020“ кој поради пандемијата годинава се одржа во комплексот „Грација“ во Куманово. На кампот твореа ученици од основни училишта во Куманово, кои изработија уникатни дела, a ќе ги подарат на „Порака Наша“.

Учениците под менторство на нивните професори поради состојбата со Ковид 19 работеле почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита, но тоа не ги спречило да создадат дела во повеќе техники: сликање на платно, цртеж и монотипија, графичка техника, појаснија менторите.

-Докажавме овие десет години за оправданоста за постоењето на колонијата и со нашето работење во делот на програмата за култура сите овие десет години. Од сите основни училишта од шесто до деветто одделение низ годините учествуваа над 200 учесници и изработени се од 400 до 500 дела направени во повеќе ликовни техники, изјави, директорот на Фондација за култура и спорт, Нино Величковски.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски рече дека ова е успешен десетгодишен проект во кој се вклучени деца – уметници.

-Ликовниот камп АСНОМ од година во година прераснува во една сериозна ликовна колонија и со право можам да кажам дека ние денеска овде како учесници немаме само ученици, туку млади слободни ликовни уметници на кои што им посакувам да продолжат да создаваат и творат трајни дела кои што ќе останат зад нив, а ќе им ги отворат патот во уметноста да напредуваат, рече Димитриевски, прогласувајќи го ликовниот камп за затворен.

Во Куманово се одржуваат бројни ликовни колонии, долгогодишни и со голема збирка на дела.

Детскиот ликовен камп АСНОМ 2020 се одржува во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Делата ќе бидат изложени на биенална изложба, а потоа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close