Дописници МКДОпштински вести

Завршија подготвителните работи за модуларната болница во Дебар

Завршија подготвителните активности за поставување на модуларната болница во Дебар, која ќе биде во кругот на Општата болница со проширена дејност.

Дебар, 5 февруари 2021 (МИА) – Завршија подготвителните активности за поставување на модуларната болница во Дебар, која ќе биде во кругот на Општата болница со проширена дејност.
-Тоа значи дека е поставен базаментот за монтажната болница, како и потребната инфраструктура, водоводна, канализациска и електро мрежа. Сето тоа беше обврска на локалната власт. Сега останува да се постави монтажната болница, изјави за МИА, Баки Халили, директор на болницата.

Тој посочува дека објектот ќе биде на површина од 240 квадратни метри и ќе работи како тријажен центар со соодветна лабораторија и други простории.

Во меѓувреме непречено фунционира ковид-центарот во Инфективното одделение, каде набрзо ќе почне изградбата на централен систем за кислородна подршка, за што донација од 800 илјади денари болницата доби од компанијата „Кнауф Радика”.
Инаку, во Инфективното одделение моментно се хоспитализирани 13 пациенти, кои се на кислородна подршка, додека дневно во просек амбулантски се лекуваат од пет до десет болни од Ковид-19.вт/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close