Дописници МКДОпштински вести

Завршија обуките за мали и средни претпријатија во Гевгелија

Во Гевгелија завршија обуките од модулот за јакнење на капацитетите на микро, малите и средни претпријатија на кои учесниците добија увид во можностите за финансирање на сопствените претпријатија.

Гевгелија, 22 мај 2019 (МИА) – Во Гевгелија завршија обуките од модулот за јакнење на капацитетите на микро, малите и средни претпријатија на кои учесниците добија увид во можностите за финансирање на сопствените претпријатија.

Организаторите од Фондацијата за локален развој во Гевгелија, велат дека учесниците се стекнале и со знаења и вештини кои им се потребни за подобар пристап до надворешни извори на финансирање и за управување со проекти финансирани од фондови на ЕУ.

– Во наредниот период ќе се изврши предселекција на проектни идеи кои подоцна со помош на менторите,кои се дел од акцелераторот на знаења ќе се преточат во проектни апликации, велат организаторите.

Обуките во Гевгелија се одржаа во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за мали и средни претпријатија“ (МЕКА) кој е кофинансиран од ЕУ преку ИПА програмата. им/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close