Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Заврши 12. МТФ Скупи фестивал, Гран при за „Брашно во нашите вени“

Со претставата „Окупирај се“ од Независен театар Проект Чекална од Клуж-Напока, Романија, МТФ Скупи фестивал синоќа го затвори 12. издание. 

Скопје, 31 октомври 2018 (МИА) – Со претставата „Окупирај се“ од Независен театар Проект Чекална од Клуж-Напока, Романија, МТФ Скупи фестивал синоќа го затвори 12. издание.

Жирито на фестивалот во состав Алмир Башовиќ, Куштрим Бектеши и Димче Николовски со едногласна одлука ѝ додели Гран при на претставата „Брашно во нашите вени“, копродукција помеѓу ЈУ Сараевски воен театар САРТР и МЕСС, Сараево, Босна и Херцеговина, по текстот на Игор Штикс, во режија на Борис Лијешевиќ.

Жирито одлучи да ѝ се додели и една специјална награда на глумицата Ема Андреа за ликот на Мајката во претставата „Мајка и дете“ од Јон Фосе во режија на Дино Мустафиќ. Наградата се доделува за огромната и посебна глумачка енергија, еластичноста во интерпретацијата, каде што целиот глумечки арсенал беше усогласен во креирањето на ликот.

МТФ Скупи фестивал се одржа со поддршка од Министерство за култура на Република Македонија и Град Скопје. мч/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close