Општински вестиСкопје

Завршен содржинскиот дел од спортско-адреналинскиот парк во Карпош

Содржинскиот дел од Спортско – адреналинскиот парк во Карпош е завршен и деновиве се очекува да се изврши технички прием и пуштање во употреба, информираат од Општина Карпош.

Скопје, 18 јули 2020 (МИА) – Содржинскиот дел од Спортско – адреналинскиот парк во Карпош е завршен и деновиве се очекува да се изврши технички прием и пуштање во употреба, информираат од Општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, при денешната посета, информира дека во паркот се засадени 70 висококвалитетни дрвја, украсни растенија, а поставен е и систем за наводнување.

– Целосно се промени ликот на овој потег. Кај спортско – качувачката карпа, денеска имаме и адреналински дел, игралишта за фудбал и одбојка на песок, детско игралиште, сквер, обновен скејт парк и нова урбана опрема (клупи за седење, корпи за отпадоци, локери за велосипеди и лед осветлување). Нашиот фокус е и целосно раззеленување на делот до бунарите на реката Лепенец, до мостот „Газела“, со што целосно ќе се заокружи овој потег, рече Богоев.

Во увид во состојбата на паркот, како што информираат од општина Карпош, денеска беше и вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска заедно со раководителот на Секторот за соработка при Мисијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини.

Царовска, како што стои во соопштението, посочила дека Владата и понатаму ќе продолжи да ги поддржува локалните самоуправи, зошто со ваков тип на проекти се создаваат уште подобри услови за живот и рекреација на граѓаните на Скопје.

За овој проект, Општина Карпош доби грант од ЕУ, кој се спроведува преку Единицата за спроведување на Проектот за локална и регионална конкурентност и Светска Банка.

Бертолини напомена дека ЕУ не се занимава само со аспекти од законодавството и процедурите, туку тие работат и на реално подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

– Спортот е најдобар начин за поврзување меѓу луѓето, а тука имаме можност и за доза адреналин. Повикувам на одговорно користење на овој парк, истакна претставникот од Мисијата на ЕУ во Скопје.

Од општина Карпош, исто така, информираат дека се одржани и потребните обуки на лицата кои ќе бидат задолжени за адреналинскиот дел, така што претставници од Македонската спортска – качувачка федерација поминале тридневна обука, под мониоторинг на сертифицирана фирма според EN 15567 стандардот. аа/са/

Back to top button
Close
Close