ОпштествоХроникаХроника.Портал

Затворено интернет кафе во Бутел, приведени 10 лица

Интернет кафе во скопската населба Бутел вчера е затворено во 22 часот, од како при полициска контрола биле затекнати 10 лица во објектот кој работел после 21 часот. Лицата биле приведени.

Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) – Интернет кафе во скопската населба Бутел вчера е затворено во 22 часот, од како при полициска контрола биле затекнати 10 лица во објектот кој работел после 21 часот. Лицата биле приведени.

Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Тале Христов“ констатирале дека интернет кафе работи во 22 часот и вo објектот има 10 лица.

Тие биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. бк/сп/

Back to top button
Close
Close