0_Македонија.ПорталОригинални текстови

Затворениот пливачки базен и реконструираната трим-патеката значајно ќе ги унапредат условите за спортување во Кисела Вода

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, во петокот на 12 јуни извршија увид во градежните активности на затворениот пливачки базен во училишниот двор на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, како и на трим-патеката во оваа скопска општина.

Скопје, 13 јуни 2020

Базенот е дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени” на Агенцијата за млади и спорт, кој опфаќа изградба на затворени базени во 14 општини според сите современи стандарди, а претставува еден од најголемите капитални проекти во спортската инфраструктура.

Изградбата на базенот ќе отвори нова можност за младите од оваа скопска општина да создаваат здрави навики преку рекреативно и професионално практикување на пливањето и останатите водени спортови.

Со проширувањето и целосната реконструкција на трим-патеката во должина од повеќе од два километри, можностите за практикување на различни спортови во Кисела Вода дополнително ќе се зголемат, а патеката ќе можат да ја користат сите граѓани за трчање, пешачење и рекреација.

Сектор за односи со јавност

Генерален секретаријат на Влада

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close