ХроникаХроника.Портал

Затвореник на КПУ „Идризово“ починал на скопските клиники

Во текот на вчерашниот ден, затвореник од Тетово од КПУ „Идризово“ починал на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден, затвореник од Тетово од КПУ „Идризово“ починал во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

– Вчера во 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен со влошена здравствена состојба Е.Б.(59) од Тетово, кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, соопштуваат од МВР.

Оттаму наведуваат дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.фф/ев/

Back to top button
Close
Close