Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Затворен угостителски објект во Тетово за работење по дозволеното време

Тетовската полиција привела сопственик на локал поради работење по дозволеното време и спротивно на прописите за спречување на ширење на заразна болест во време на епидемија. Локалот работел во 21:30, a при контролата во објектот биле затекнати пет лица – гости и сопственикот.

Тетово, 18 февруари 2021 (МИА) -Тетовската полиција привела сопственик на локал поради работење по дозволеното време и спротивно на прописите за спречување на ширење на заразна болест во време на епидемија.  Локалот работел во 21:30, a при контролата во објектот биле затекнати пет лица – гости и сопственикот.

На 17.02.2021 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на Ф.Ц.(33) од Тетово. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф.Ц. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, соопшти СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. ас/вг/

Back to top button
Close
Close