Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Затвор и парични казни за измамници кои се претставувале како Жан-Ив ле Дријан

Обвинители побарале пресуда од 10 и 14 години затвор и парични казни од по два милиони евра за двајца наводни измамници, кои се обвинети дека се претставувале преку телефон и на Скајп како Жан-Ив ле Дријан, актуелниот француски министер за надворешни работи, објавија денеска француските медиуми.

Париз, 13 февруари 2020 (МИА) – Обвинители побарале пресуда од 10 и 14 години затвор и парични казни од по два милиони евра за двајца наводни измамници, кои се обвинети дека се претставувале преку телефон и на Скајп како Жан-Ив ле Дријан, актуелниот француски министер за надворешни работи, објавија денеска француските медиуми.

На тој начин тие измамиле 150 богати политичари, бизнисмени и религиозни личности со повеќе од 50 милиони евра. Планот бил спроведен во 2015 и 2016 година, кога Ле Дријан бил министер за одбрана.

Осомничените 54-годишниот Жилбер Шикли и 35-годишниот Антони Ласаревич, и двајцата со израелско-француско потекло, се товарат за раководење криминална група, организирање измама, како и за кражба на идентитет. Други пет лица се обвинети за соучесништво.

Шикли и Ласаревич се претставувале како Ле Дријан и барале итна финансиска помош за тајни операции на француската држава. Понекогаш едниот од нив се појавувал и во видео разговори на Скајп, носејќи силиконска маска со ликот на францускиот министер.

Осомничените тврдат дека не се виновни по обвиненијата. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close