Дописници МКДОпштински вести

Затемнетите стакла со фолии на возилата не поминуваат на технички преглед, а како прекршок се казнува со 300 евра

Сакаат затемнети стакла на возилата, па имаат проблем за технички преглед, а воедно ризикуваат казна од 300 евра. За оваа значително зачестена појава и проблем, алармираат од тетовските технички прегледи порачувајќи им на сопствениците да ја избегнувааат практиката да поставуваат фолии за затемнување на стаклата доколку сакаат да го поминат задолжителниот годишен технички преглед за исправноста на возилата. Воедно, со такви фолии, ризикуваат да бидат испратени од полицијата на вонредени технички преглед.

Тетово, 6 декември 2019 (МИА) – Сакаат затемнети стакла на возилата, па имаат проблем за технички преглед, а воедно ризикуваат казна од 300 евра. За оваа значително зачестена појава и проблем, алармираат од тетовските технички прегледи порачувајќи им на сопствениците да ја избегнувааат практиката да поставуваат фолии за затемнување на стаклата доколку сакаат да го поминат задолжителниот годишен технички преглед за исправноста на возилата. Воедно, со такви фолии, ризикуваат да бидат испратени од полицијата на вонредени технички преглед.

– Оваа сфера е регулирана во Правилникот за технички барања на системи, составните делови, самостојните технички единици, опремата, димензии и вкупната маса на возилата (објавен во Службен весник бр.21 од 12 февруари 2010 година) во член 20 од Правилник за уреди и опрема и нормална каде е потенцирано колкава треба да биде видливоста на стаклата. Видливовста на ветробранското стакло (шофершајбна) треба да биде 75 проценти, а на страничните бочни стакла кај возачот и совозачот видливоста да биде 70 проценти, велат од станицата технички преглед „Автостар плус“ од Тетово.

Оттаму велат дека поради ваквиот „тренд“ имаат чести недоразбирања кога им велат на сопствениците на возилата дека не може во таква состојба возилото да добие одобрение за техничка исправност.

– Законските одредби се јасни и не дозволуваат поставување фолии за затемнување. Од друга страна постојано доаѓаат луѓе со затемнети стакла на возачкото и совозачкото стакло па дури и на ветробранското стакло (шофершајбна). Така доаѓаме во конфликт, но мора да се знае дека за да помине едно возило на технички преглед стаклата не треба да бидат целосно затемнети, односно треба да ја имаат соодветната видливост, велат од станицата технички преглед „Автостар плус“ од Тетово.

Од Секторот за внатрешни работи во Тетово информираат дека секојдневно се откриваат сопственици на возила кои постапиле несоодветено и ставиле фолии за затемнување на стаклата.

– Во единаесетте месеци од оваа година, на поширокото тетовско подрачје изготвени се вкупно 448 поднесоци, односно прекршочни платни налози кои се однесуваат на затемнување на стаклата со фолии. За овој вид сообраќаен прекршок, согласно членот 360 став 4 предвидена е парична глоба од 300 евра во денарска противвредност. Според споменатото законско решение, возачите можат да користат, односно да ги затемнат само задните странични стакла и задното ветробранско стакло. Но, притоа фолиите што ќе ги употребат за таа цел и намена задолжително треба да бидат атестирани, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тој вели дека СВР Тетово и до крајот на оваа година ќе презема повеќе контролни и други мерки кои се однесуваат на користењето фолии од возачите и ќе ги санкционира сите прекршоци од ваква природа и карактер. ас/мс/

Back to top button
Close
Close