Дописници МКДОпштествоХроникаХроника.Портал

Засилени активности за поголем ред во паркирањето низ Гостивар

Полициските службеници во Гостивар изминативе денови спроведоа акции за отстранување на непрописно паркирани возила во централното градско подрачје. Санкционирани се 67 возачи, а подигнато е 21 возило кои го попречувале безбедното движење на другите учесници на сообраќајот.

Гостивар, 5 февруари 2021 (МИА) – Полициските службеници во Гостивар изминативе денови спроведоа акции за отстранување на непрописно паркирани возила во централното градско подрачје. Санкционирани се 67 возачи, а подигнато е 21 возило кои го попречувале безбедното движење на другите учесници на сообраќајот.

Во рамки на засилените активности, гостиварското Одделение за внатрешни работи до вчера има изречено 67 мерки за погрешно паркирање. Според СВР Тетово, за два дена биле изречени 20 мерки, кои се однесувале на непрописно паркирање и го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници на сообраќајот.

Прекршоците најмногу биле направени на улиците „Браќа Ѓиновски“, на потегот од Центарот за култура „АСНОМ“ до крстосницата со „Мајор Чеде Филиповски“ и „Гоце Делчев“. Пајак службата подигнала 21 непрописно паркирано возило, кои биле оставени во таканаречени „двојни редови“, како и возила паркирани во  близина на кружен тек и на пешачки премини.

Од СВР Тетово најавуваат дека активностите за поголем ред во сообраќаајот низ Гостивар ќе продолжат до крајот на месецот и притоа ќе се санкционираат прекршоците и на другите улици во Гостивар. згм/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close