0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Засега нема скратување на полицискиот час, но во следниот период не е исклучена можноста за тоа

Засега нема стриктна препорака до Владата за скратување на полицискиот час, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на  денешната прес-конференција во Владата. 

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Засега нема стриктна препорака до Владата за скратување на полицискиот час, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

– Полицискиот час беше еден од факторите за да ја намалиме трансмисијата на вирусот заради тоа што кога има асполутно мирување, кога има полициски час, најдобро се спроведува контролата. Значи во овој момент не размислувавме за скратување на полицискиот час, но може да се наметне потребата во периодот којшто доаѓа посебно заради тоа што економските оператори постепено ќе се враќаат во функција. Ја пратиме состојбата и соодветно ќе предложиме до Владата, но засега не се размислува, рече Филипче. бак/лв/

 

 

Back to top button
Close
Close