Општински вестиСкопје

Засадени 3.300 садници во Општина Аеродром

Општина Аеродром денеска почна со акција за засадување дрвја околу ООУ „Ѓоргија Пулевски“. Беа засадени висококвалитетни листопадни садници, алпинетум и грмушки.

Скопје, 7 декември 2019 (МИА) – Општина Аеродром денеска почна со акција за засадување дрвја околу ООУ „Ѓоргија Пулевски“. Беа засадени висококвалитетни листопадни садници, алпинетум и грмушки.

Во акцијата се вклучи и градоначалникот на општината, Златко Марин. Покрај него, дрвја садеа и вработените во општинската администрација, спортисти, ученици и голем број граѓани, кои преку отворена анкета даваа свои предлози за локации за засадување.

Градоначалникот Марин истакна дека зазеленувањето на општината останува врвен приоритет со кој се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.

– Во наредниот период ќе се засадат околу 3 300 садници во неколку последователни акции, и тоа во Реонски центар, на улицата „Тоше Проески“, како и на други локации. Минатата година беа засадени околу 2.200 дрвја, со што изминатите две години се засадени вкупно 5.500 дрвја, рече Марин.

– Исто така, во буџетот за наредната година предвидовме дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници, така што и оваа бројка двојно ќе се зголеми, соопштија од прес-службата на Општина Аеродром. фф/дма/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close