СветСвет.Портал

Зариф: Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави денеска дека Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД, а на Твитер напиша дека „топката е во американскиот двор“.

Техеран, 9 декември 2019 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави денеска дека Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД, а на Твитер напиша дека „топката е во американскиот двор“.

– Откако оваа недела го добивме заложникот, сега сме целосно подготвени за сеопфатна размена на затвореници, напиша Зариф.

Техеран и Вашингтон во саботата во Цирих разменија затвореници – студент на постдипломски студии на американскиот Универзитет Принстон е ослободен во Иран во замена за иранскиот научник кој беше уапсен во САД, што е редок чин на дипломатската соработка меѓу двете земји по повеќемесечните тензии. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close