Svet.SlajderСветСвет.Портал

Зариф го обвини Трамп за „тероризам кон културата“

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави денеска дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз различни цели во Иран, од кои многу се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО, претставуваат тероризам против културата.

Техеран, 27 јануари 2020 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави денеска дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз различни цели во Иран, од кои многу се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО, претставуваат тероризам против културата.

– Американскиот претседател се заканува дека ќе уништи културни објекти во Иран, што претставува тероризам кон меѓународната култура. Тоа е продолжение на политиката на Вашингтон за кршење на меѓународното право со цел да се скрши отпорот на иранскиот народ, рече Зариф.

Тој рече дека САД користат „економски тероризам“ за да ја намалат достапноста на храна и лекови за иранскиот народ.

– Од друга страна, тие ја тероризираат земјата, убивајќи еден од најомилените луѓе во земјата и регионот – Касем Сулејмани, оцени Зариф.

Изјавите на Зариф се реакција на претходните најави на Трамп дека американските сили можат да гаѓаат 52 цели во Иран, од кои многу се од големо значење за Иран и иранската култура. ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close