0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Заев треба да сведочи за „Монструм“

На барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро во април 2012 година, на денешното рочиште за „Миоснтрум“ во Кривичниот суд треба да сведочи доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – На барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро во април 2012 година, на денешното рочиште за „Миоснтрум“ во Кривичниот суд треба да сведочи доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Во судницата се пушта снимка од собраниска седница, на која Заев зборува за случајот „Монструм“ како одговор на прашање од пратеникот Зоран Илиоски.

Заради промена на судечкиот совет, судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, минатиот месец беше вратено од почеток, но само формално со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи од каде што претходно застана.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. дма/са/

Back to top button
Close
Close